Болка и револт, на социјалните мрежи граѓаните по веста дека почина малата Тамара од Велес чекајќи операција, бараат одговорност и оставка од министерот за здравство Никола Тодоров.
Tри месеци, родителите на деветгодишнa Тамара која имаше тежок деформитет на рбетниот столб ги чекаа ветените средства од министерот за спас на нивното девојче.
Тамара за институциите е лицето Т.Д, не дете, не човек, не душа…Цело име за нив имаат триумфалните, спомениците, галиите, претворено во пари…Нема да ме чуди од некого да слушнам и дека денеска прв пат слушнал за Тамара! Чудесна Македонија. Чекаме бомби да не разбудат, зошто ова не ни е доволно. Треба да ни се црта и добро нацрта! Пари наши се даваат за мермер, а за детски клиники собираме донации! Чудесна земја, чудесни луѓе. Почивај во мир Тамара…frown emoticon
Каде ќе ви оди душата?
#ОставкаЗаТодоров
Нама пари за лечење на деца, има пари за споменици. Ова девојче можеше да биде и моја или твоја ќерка!
Пратенику, ќе си легнуваш ли мирно да спиеш, затоа што со години лажеше дека ќе му помогнеш на девојчето од твојот град?
Министерот ќе спие мирно по ова? Нека почива во мир, а вие изгубете се, да ве нема.
Кога се работи за живот, пари нема, ама кога треба нешто да се гради, има тендер.
Не оставка само на Тодоров (мака ми е да го наречам министер), туку на целата Влада. Едно дете се удави во поплава, а друго почина без да добие шанса да се лечи квалитетно. Двете одат на душа на неодговорната власт.
Уште една жртва на системот.
Се личи крајно наивно, споредено со моментот во кој станува јасно, дека човековиот живот не вреди пет пари.
#ОставкаЗаТодоров #Тамара
Од Фондот ќе даваат изјава за малата Тамара чие храбро срце за жал не издржа. Во најавата пишува дека изјавата ќе биде „за осигуреното лице Т.Д.“. И од оваа банална најава може да се заклучи дека за државата сме лица без идентитет, безлични букви, небаре криминалци, бројки кои немаат никакво значење не па нашиот живот да има некаква вредност. Најмалку што очекувам е некој да излезе и да каже „срам ни е да ве погледнеме во очи денеска, бараме прошка“.
Каде се сега БРАНИТЕЛИТЕ? Сакам да ги видам, кој тоа ги брани денешниве убијци што се на власт.
Министре Тодоров, денес или утре одржете ја вашата последна прес конференција со еден единствен ваш збор-ОСТАВКА.