Поради страв дека актери би можело да бидат заменети со полицајци, а филмските сцени со вистински, властите во француската престолнина одлучиле драстично ограничување на снимање на акциски филмови во градот, во кој во минатото се направени голем број незаборавни адреналински секвенци.
-Тие сцени на јавните места се доста проблематични, бидејќи актерите во униформи лесно може да станат мета на терористи. Би можеле да предизвикаати револт кај народот особено во овој чувствителен момент – изјави Силви Барно претствничка на париската полиција, која што е задолжена за издавање дозволи за снимање во Париз.
Таа додаде дека не знае колку долго ќе трае забраната, но наведе дека атмосферата во градот е доста напната и дека полициаја и војска патролираат на најчувствителните места, како што се просторите околу синагогите, редакциите и шопинг центрите.
Е. Г.