Воената хунта во Тајланд денеска соопшти дека на поранешната премиерка Јинглук Шинаватра не и еодобрено да отпатува во странство, бидејки јавното обвинителство најавило дека на 19 овој месец против неа ќе поднесе тужба за корупција.Според претсавникот на хунтата присуството на Шинаватра било неопходно бидеки Врховниот суд смета дека без неа процесот не би можело да почне.
Адвокатскиот тим на Шинаватра изјави дека со ова и се кршат основните права на поранешната премиерка, бидејки по формалното поднесување на тужбата на судот ќе му требале најмалку два месеца за да ја состави поротата која треба да одлучи дали има криминални дејствија на Шинаватра додека таа, до мај минатата година, била на чело на последната цивилна влада.
Јинглук Шинаватра ќе биде обвинета за одлуки и активности што овозможиле неколку коруптивни афери во спроведувањето на државната политика за субвенции на производителите на ориз, за што од буџетот на Тајланд биле издвоени над 20 милијарди долари.
Шинаватра минатиот месец со импичмент беше прогласена за виновна поради несоодветно управување на политиката за субвенции и таа пет години ќе нема право активно да се занимава со политика. Таа и натаму тврди дека не прекршила ни еден закон и дека не се чувствува виновна.