„Фокус“: Пет полициски агенти му откажаа верност на Груевски

Од:

Неделникот „Фокус“ објави како е подготвувана „бомбата“ на Зоран Заев. „Фокус“ пишува дека материјалите со прислушкувани и снимени комуникации на власта, во кои, како што тврди Заев, има докази за криминал, корупција и местени избори, не се од странски служби, како што во јавноста сака да претстави премиерот Груевски, туку се од македонски граѓани, инсајдери во МВР.

Неофицијално петмина припадници на безбедносните служби во МВР, задолжени за следење на комуникациите му откажале послушност на врвот на полицијата, бидејќи оцениле дека се претерало во следењето.

Naslovna-1009

Ги архивирале голем дел од прислушкуваните информации кои стигнале до Заев. Тие документи, пишува „Фокус“ се дел од информативната „бомба“ на Заев со докази освен за криминал, корупција и фалсификувани избори, за сообраќајката на Никола Младенов, за прислушкување на амбасади и скандалозни разговори меѓу Груевски, Јанкулоска и Ставрески.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска