Ракометарите на Вардар претрпеа пораз во дуелот од 14. коло од СЕХА лигата на гостувањето во Осиек против екипата на Загреб со 25:22.
Двете екипи одиграа рамноправен натпревар, а во водство се менуваа се до 50. минута кога Загреб ги казни грешките на ракометарите на Вардар и од негатива од 18:19 направи серија од 6:1 за мирна завршница на натпреварот.
Душко Челица со 5 голови беше најефикасен кај Загреб, додека кај Вардар Тимур Дибиров, Добривое Марковиќ и Данил Шишкарев постигнаа по 4 голови.
Ракометарите на Вардар следниот натпревар го играат во понеделник на домашен терен против Војводина.
На другите натпревари од 14. коло од СЕХА лигата: Металург – Војводина 26:26, Нексе – Веспрем 21:37, Раднички – Мешков Брест 26:33. Дуелот Борац – Татран Прешов се игра на 13.февруари.
Табела: Веспрем 42 бода, Вардар 33, Загреб 27, Татран Прешов 27, Мешков Брест 27, Металург 15, Нексе 10, Војводина 7, Раднички 7, Борац 4.