Во Прилеп ситуацијата стабилна, се делат помош и вода на загрозеното население

Од:

Состојбата во општина Прилеп е стабилна. Нема пораст на нивното ниту на Црна Река, ниту на Градска, но превентивните мерки на теренот остануваат, информира градоначалникот Марјан Ристески по состанокот на Кризниот штаб.

Тој нагласи дека се распоредени 50 луѓе кај насипите што деновиве се правеа на Градска Река кај Кадино Село.

– Се внимава, евентуално, да не се појават проблеми или некој од насипите да биде оштетен, рече Ристески.

Продолжуваат, нагласи, и донациите за населението од кризните населени места.

– Најмногу сега им се потребни вода, прехранбени продукти и основни средства за хигиена. Црвениот крст веќе распредели помош во неколку населени места, рече Илко Петкоски, раководителот на регионалниот Центар за управување со кризи.

Тој истакна дека има координација на кризните штабови на општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени и оти им е укажано да се посетат сите ранливи категории на население во што е вклучен и Центарот за социјални работи.

– Комисиите за процена на штетите се на терен. Се прават списоци за погоденото население, особено за деца, бремени жени и лица со посебни потреби. Во селото Средорек општина Долнени имавме посебен случај и еднократна помош им е доделена на едно неподвижно и едно лице со посебни потреби. Црвениот крст им однесе пакети и се згрижени. Досега помош е поделена во две населени места: Врбјани и Боротино како најзагрозени во општина Кривогаштани. В понеделник на 17 семејства во општина Долнени ќе им се подели помош преку Црвениот крст, објасни Петкоски и нагласи дека помош ќе добијат сите семејства кои ќе се пријават.

И претставници од Центарот за јавно здравје од Прилеп се на терен и му објаснуваат на населението од селата Ерековци, Канатларци, Тројкрст, Чепигово и Кадино Село да не ја користи водата, бидејќи е целосно неисправна за пиење, за домашна употреба и за добитокот.

– Таму се носи технолошка вода со цистерни, а за пиење се дели пакувана вода и тоа мора крајно сериозно да се сфати за да не се појават заразни заболувања. Сега и во Мало Коњари водата за пиење не е исправна, изјави Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он