Во напуштен крематориум во Мексико најдени 60 мртви тела

Од:

Мексиканската полиција соопшти дека открила 60 мртви тела,во еден напуштен крематориум во одмаралиштето Акапулко,на брегот на Тихиот Океан.

Телата на жени,мажи и деца биле откринеи „перфектно балсамирани„ и подготвени за кремирање-изјави претставник на локалната полиција,која отвори истрага за случајот.

Мртвите тела беа најдени по неколку повици на соседите кои се жалеле на „неподносливата смрдеа„ што доаѓала од зградата каде бил крематориумот.

Тој бил затворен минатата година,поради банкротство и неможноста на сопствениците на крематориумот да ги отплаќаат долговите на своите кредитори.

Претставник на државното обвинителство изјави дека некремирњето на мртви тела е прекршување на сојузните,државните и општинските закони.

Се претпоставува дека телата биле подготвени за кремирање,но кога пропаднал бизнисот, едноставно,биле оставени да се распаднат,завиткани во валкано платно.

Експерти за форензика сега се обидуваат да утврдат колку долго мртвите тела биле остаавени ,а роднините на починатите, кои таму биле кремирани, сега бараат експертиза на пепелта во урните,за да се утврди дали таа е навистина од телата на нивните најблиски.

Крематориумот во Акапулко,се наоѓа 200 километри од градот Игуала,каде во септември минатата година исчезнаа 43 мексикански студенти.

Нивните тела се уште не се пронајдени,иако се верува дека се убиени од локалните нарко банди.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори