Западните земји треба да им достават повеќе оружје на Јордан, на Египет, на курдските сили и на некои опозициски сили во Сирија, изјави на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен израелскиот министер за стратешки прашања Јувал Штајниц.
Тој посочи дека западната коалиција може да постигне поголеми резултати ако ја зголеми поддршка во оружје и да даде поголема финансиска помош за умерените групи и исламски сили, како на пример Курдите, Слободна сириска армија и за умерените арапски држави како Јордан и Египет.
Штајниц оцени дека нема директна закана за суверенитетот на Јордан од Исламска држава.
– Ако има таква закана, убеден сум, дека светот, а ако е неопходно дури и Израел, ќе се вмешаат, наведе Штајниц.