Креативна агенција се обидува со малку поинаков концепт и направи книга чии корици судат за читателот.
Амстердамското студио за дизајн Мур, потпиша креација на единствени корици за книга кои се отвораат само доколку лицето на читателот е сосем неутрално.
Односно, не покажува каков било став или мислење за книгата пред да ја отвори. Кориците имаат интегрирана камера и систем за препознавање кој го скенира лицето на читателот.
Каков било израз освен неутралниот онемозвожува отворање на книгата.
– Целта ми беше да создадам книга со корици кои имаат мешавина од технологија и ччовечка природа, објаснува Тијс Бирштекер, дизајнер на тој проект.