„Кожув“ три натпревари без Божовиќ

Од:

Играчот на КК Кожув од Гевгелија Слободан Божовиќ е казнет со три натпревари забрана на настап поради исклучувањето на првенствениот дуел со Куманово.

Тој за време на натпреварот од 11.коло удри противнички играч. Покрај суспензијата играчот е казнет и парично со 30.000 денари.

Забраната на настап се однесува на натпреварот од 12. коло со Фени Индустри во Кавадарци (се игра во недела), како и полуфиналето од Купот на Македонија со МЗТ Скопје и евентуалното финале на гевгеличани. Ако Кожув не се пласира во финалето тогаш казната ќе се однесува за 14.коло од Првата лига.

Играчот и неговиот тим имаат право на жалба и тоа во рок од осум до Арбитражната комисија на МКФ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос