Зголемен водостојот на реките во Македонија

Од:

Интензивните врнежи од дожд во текот на денот предизвикаа зголемување на водостојот на сите водотеци во Македонија.

До крајот на денов се очекува врнежите да престанат, а водостоите да бидат во благ пораст во сите сливни подрачја.

Управата за хидрометеролошки работи попладнево соопшти дека во сливот на реката Црна, водостојот во горното течение кај селото Доленци е зголемен за 28 сантиметри, а во средното течение во селото Новаци за 8 сантиметри. Зголемен е и водостојот на реката Прилепска и реката Крушевска кои во долното течение ја формираат реката Блато и од каде има прилив на нови количини на вода во реката Црна. Во текот на денот се очекува да продолжи да расте водостојот особено во средното течение на реката од Бучин до Новаци и низводно до Скочивирската клисура.

– Останува критична и алармантна состојбата во сливот на реката Црна и препорачуваме внимателно следење и во текот на викендот, се вели во соопштението од УХМР.

Во сливот на реката Брегалница, во горното течение водостојот е зголемен за 10 сантиметри во однос на вчерашниот, а зголемување на водостојот има и на Х.С. Очи Пале. Во средното течение кај Штип водостојот денес е во стагнација. Со покачен водостој во утринските часови била и реката Злетовска.

Пораст на водостојот има и на реката Струмица во долното течение со тенденција за зголемување во текот на денот.

Во сливот на реката Кумановска регистриран е пораст на водостојот предизвикан од денешните локални врнежи во овој регион. Потенцијална опасност од можно излевање има кај селото Доброшане. Зголемен водостој има и во горното течение на реката Пчиња кај Пелинце.

Реката Треска има зголемен водостој, а покачен водостој има и во горниот тек на сливот на реката Вардар кај Јегуновце, како и во средното течение. Зголемување на водостојот за 54 сантиметри има и реката Тополка.

Според временската прогноза во текот на следните денови времето ќе биде постудено со пониски температури и засилен северен ветер што ќе допринесе за стабилизација на хидролошката состојба.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски