Самјуел Форест од Нов Зеланд во најсреќниот момент во својот живот, односно кога станал татко, морал да избере помеѓу својата сопруга и детето.
Неговата приказна ги преплави социјалните мрежи, откако сопругата го напуштила, само недела по раѓањето на синот.
Сопругата Рузан Бадаљан го условила Самјуел да се одлучи за неа или за синот Ле.
Таа сакала заедно со сопругот да го напуштат штотуку родениот син, кој што пати од Даунов синдром. Мајката не сакала ниту да го допре синот, бидејќи според ерменската култура ваквите деца носат срам за целото семејство.
-Лекарката излезе од собата со момчето со прекриено лице. Целата болница не ми дозволи да го видам синот и сопругата-изјави тој.
Иако веста го шокирала, Самјуел наведе дека ниту во еден момент не помислил да го напушти својот син.
-Кога ме однесоа да го видам, сфатив дека е прекрасен, совршен и дека ќе го задржам-изјави тој.
Откако сопругата дознала за неговата одлука, решила да го остави и само една недела подоцна и официјално го прекинале бракот.
Самјуел кој што е од Нов Зеланд, собрал пари и со синот побегнал од Ерменија. Во моментов е во Окландо, каде што се обидува да спечали за идниот живот и образование за своето дете.
Е.Г.