Започнува 6-то издание на Моден Викенд Скопје

Од:

Претстојната шеста сезона на Модниот Викенд Скопје ќе се одржи во два дела, од 14–ти до 18–ти октомври и од 26–ти до 28–ми октомври, 2012-та година.

Првиот дел ќе опфати бизнис програма, чија цел е претставување на иновативни техники и инструменти за промоција на модните брендови во Македонија и во странство.

Покрај бизнис програмата, во овој дел се планирани и неколку модни ревии.

Од 26–ти до 28–ми октомври, покрај тоа што македонските модни креатори ќе ги прикажат своите колекции, во Салонот Ауди – Порше Македонија ќе биде отворен привремениот шоу рум, каде постителите ќе можат да видат ексклузивни модни парчиња и накит.

На 6-то издание на Модниот Викенд Скопје ќе учествуваат Никола Ефтимов, Росица Мршиќ, КОКЕВ, Антонија Ристовска, Елена Лука, Елена Љутикова, МCouture by Мила Кадриу, Сара Сековска (S. by S), Ведрана Панева, Стефанија Насеска, Ирина Тошева, Јована Филиповиќ, BILYANABEL , Катерина Попева, Русана Ѓурческа, Le Brand.

Освен тоа, публиката ќе ги види и најновите колекции пролет/лето 2013 од Ненад Секирарски, VIBRAZIONI by Александра Митковска и Олгица Ѓоргиева со што манифестацијата ќе се приближи до светските стандарди на модните недели.

Случувањата ќе се одржуваат на различни локации, меѓу кои и Салонот Ауди – Порше Македонија и Соравиа Центар Скопје.

Би можело да ве интересира

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски

Разбојник со нож при неуспешен грабеж повредил продавачка