Заштита на манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ во Берово

Од:

Националниот конзерваторски центар со финансиска поддршка на Министерството за култура го заврши препокривањето на северозападниот конак од манастирскиот комплекс „Св. Архангел Михаил“ во Берово, што беше прва фаза од етапниот проект за непосредна заштита на овој споменик на културата од 19 век.

– За  2015 година се предвидени повеќе активности, меѓу кои: изработка на основен проект за конзервација на црквата, изведба на дренажа околу објектот поради континуираната капиларна влага, зацврстување на дотраените дрвени столбови, конзервација на дрвените конструктивни и декоративни елементи, изработка на основен проект за конзервација на северозападниот конак, конзервација на покривот на црквата, како и на покривот на Галеријата на мозаици (поранешно училиште, односно Спомен-куќа на Дедо Иљо Малешевски), информира Министерството за култура.

Темелите на првиот женски манастир во Берово се поставени дваесет години по изградбата на манастирската црква, околу 1840 година. Во својот најголем подем манастирот имал и до шеесет монахињи, со развиена економија, богословско училиште, ткајачница. Сестринството на манастирот и сега изработува икони во византиски стил за иконостаси. Некогаш надвор од градот, денес женскиот манастир посветен на Св. Архангел Михаил се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон браната и езерото.

Би можело да ве интересира

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Минусни температури во Берово, Попова Шапка под 24 сантиметри снег

Парична награда за првороденото дете во Берово во 2026 година

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава