Новиот мировен план на Меркел и Оланд предвидува децентрализација на Донбас

Од:

Новиот мировен план, разгледуван вчера во Киев од украинскиот претседател Петро Порошенко со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се базира на договорот од Минск, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Евхен Перебејнос.

– Сите можно конфигурации од планот се засноваат на договорот од Минск. Имено тие нудат апсолутно детален план за постигнување на мирот во Украина, нагласи тој, прецизирајќи дека за одредени прашање се можни компромиси.

– Русија има еден став за линијата на разделување. Украина бара нешто друго, но ставовите за принципиелните прашања, како територијалниот инегритет на Украина, неопходноста Украина да има контрола над својата граница, излегувањето на странските војски од територијата на Украина, треба да останат неизменети, рече Перебејнос.

Тој истакна дека главна задача на новиот мировен план е да ги определи следните и приоритетните чекори и да одреди временски рамки за исполнување на сите точки, предвидени со договорот од Минск.

Новиот мировен план предвидува одредено ниво на децентрализација на Донбас, посочи Перебејнос и додаде дека принципот на територијална целовитост на Украина и безусловата контрола на централаната власт врз целата украинска териотрија сепак не подлежат на никакви сомневања.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски