ФОТО: Како Прометеј во гаќи – протестира против лошите политики на власта

Од:

Активистот Димитри Голабоски од Струга, сликајќи се пред урнатиот и никогаш повторно обновен мост во неговиот град, облечен како скопскиот Прометеј во гаќи, на креативен и предизвикувачки начин ја коментира деструктивната политика на македонската власт.

protestPrometej1

Двете сатирични разгледници се придружени со краток текст:

Разгледници од уметноста на политичарите

По течението на нашето време пуштивме галии кои не одат никаде, бронзени луѓе кои се движат во место.

Пловејќи, така во место, градовите ги пуштивме по текот на заборавот. а голиот срам на мртвата бронза го покривме со соголување на достоинството на живото месо.

Болката од движењето во место сакаме да исчезне препуштајќи му се на вирот по текот на илузијата.

Несвесни дека создателот на вовлечната силата на вирот е лагата и развратноста – полека отрпнуваме и забораваме дека болката која нè донесе до овој немилосрден тек, може да се победи само ако пловиме храбро по текот на реалноста.

Ајде, заедно да се извлечеме од овој вир – за да може слободно и достоинствено да запловиме по текот на своите животи!

„Grotesque“ поздрав од Струга!

Извор: Окно.мк

Би можело да ве интересира

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

(ВИДЕО) Зеленски потпиша контроверзен закон, започнаа најголемите протести од почетокот на војната

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски