Почна пријавувањето за Виз Ер Скопски маратон 2015

Од:

Отворено е пријавувањето за учество на 11. Виз Ер Скопски маратон 2015, што ќе се одржи на 10 мај во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Градот Скопје, Мисијата на Европска Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Заинтересираните може да се пријават на официјалната веб страница www.skopskimaraton.com.mkкаде можат да се најдат детални информации за пријавувањето и за правилата на учество.

Покрај маратонската, полумаратонската и трката на 5 километри, Организаторите најавуваат и штафетен маратон. За него ќе можат да се пријавуваат тимови од четворица натпреварувачи, со што секој ќе трча по 10 километри до предавање на штафетата, пa поминувањето на целта, секој тим би ја комплетирал должината на маратонската патека. Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот.

Секој што ќе го пријави своето учество на една од трките, ќе добие вредносен ваучер од 20 евра за летовите на Виз Ер кои оперираат од Скопје, вклучувајќи ги и новите летови кои Виз Ер ги најави, а ќе почнат да оперираат од јуни оваа година. Дополнително, секој учесник во една од трките ќе биде осигуран од Евроинс од несреќен случај за времетраењето на трката.

Новитет е и оддржувањето на Маратон ЕКСПО, што ќе се случува од 7 до 9 на Скопскиот саем, акде што ќе може да се подигнат стартните броеви.

Традиционално ќе се одржи и Колгејт мини маратонската трка. Како најава на маратонот, трета година по ред ќе биде одржана и Женската трка, а овогодишен новитет е оддржување на Медиумската трка, наменета за претставниците на медиумите.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух