Комитетот на Обединети нации за права на децата денеска објави извештај во кој се наведува дека групата „Исламска држава“ во Ирак систематски убива и врши тортура, а нејзините припадници злоставуваат деца и ги продаваат како сексуални робови.
Во соопштението на комитетот од Женева се повикуваат ирачките сили повеќе да се ангажираат на заштита на загрозените деца.
Комитетот наведува дека постојат информации за неколку случаи на масовно убиство на деца, за обезглавување и жртвување деца и случаи на закопувње на живи деца.
Ирачката влада се бори против џихадисти на групата Исламска држава, а владата неколку пати досега побара помош во обука и повеќе оружје.
Агенцијата на ОН ја повика ирачката влада повеќе да се заложи и ги преземе сите неопходни мерки за безбедност и заштита на децата и нивните семејства. Телевизијата „Раша тудеј“ објави дека џихадистите вршат тортура не само над деца од курдската секат Јазиди и христијански заедници, туку и на млади муслимани, шиити и сунити.
– Загрижени сме поради тортурата и убиство на деца, особено припадници на малцинствата, но не само на тие групи, изјави на конференција за новинари експертот на ОН Ренате Винтер.
Според Винтер ИД се повеќе користи деца помлади од 18 години за извршување на самоубиствени напади, за правење бомби, како курири и како човечки штит за време на воздушните напади на меѓународната коалиција против ИД.
Ова е прв извештај на ОН за судбината на децата во Ирак од 1998 година. ИД освои големи делови од територијата на Ирак и Сириај за време на офанзивата во 2014 година и прогласи калифат со строги шеријатски закони.