Шпанскиот архитект Пабло Серано Елорди и дизајнерката Бланка Елорди реставрирале една шармантна планинска куќа во близината на Барселона.
Постојниот габарит на куќата не можел да се промени, па креативниот тим се зафатил со промена на фасадата и на ентериерот. Нивната идеја била отворениот простор во ентериерот да се прилагоди под влијание на надворешноста, со цел станарите на куќата да уживаат во големиот двор со преубав поглед.
Во главната отворена зона во куќата се сместени дневниот престој, кујната и мала трпезарија. Со својата креативна замисла тие направиле една функционална целина од елементите во кујната, гарнитурата крај каминот во делот за дневен престој и симпатичната трпезариска маса со столици.
Елементите карактеристични за делот за дневен престој, заедно со дрвениот под, се пресликани и во спланата соба. Дел од целинат на брачниот кревет е иделано вклопен во рамката на прозорецот, при што ова оригинално парче мебел, може да се користи и како клупа за седење крај проозрецот.
Целиот шармантен амбиент во оваа планинска куќа го надополнуваат преубавиот голем двор и зеленилото што ја опкружува.