ОБСЕ повикува на примирје во Украина

Од:

Шефот на специјалната надѕорна мисија во Украина Ертугрул Апакан ги повика синоќа страните во конфликтот околу местото Делбацевe во Украина да го прекинат огнопт и за целосна имплементација на документите од Минск.

Тој, во соопштение, го поддржа новиот повик на претседавачот на ОБСЕ шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој вчера апелираше на сите страни да го запрат гранатирањето на станбените подрачја и сите воени активности, како и на воспоставување времено примирје кое би овозможило да се евакуира цивилното население.

Мисијата, како што истакна Апакан, е подготвена да го олесни и поддржи примирјето, кое би требало да стапи веднаш во сила и да трае најмалку три дена.

Тој истакна дека неселективното гранатирање околу Дебалцеве и другите области на истокот на Украина натерале многу недолжни цивили да бегаат од своите домови, а многу од нив се во животна опасност.

Амбасадорот Апакан ги повика сите страни да работат во правец на воспоставување одржлив прекин на огнот и целосна имплементација на документите од Минск.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он