Советот за безбедност на ОН го одобри именувањето на бугарскиот дипломат Николај Младенов за нов пратеник на ОН за Блискиот исток, соопштија денеска дипломатски извори.
Младенов беше пратеник на ОН за Ирак од 2013. а на новата функција ќе го замение холандскиот дипломат Роберт Сери, пренесуваат француските медиуми.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун, во Советот за безбедност соопшти дека одлучил да го именува Младенов за пратеник за Блискиот исток со што Советот се согласи, наведуваат дипломатски извори.
Младенов беше бугарски министер за надворешни работи и за одбрана, потсетуваат француските медиуми.
Неговото именување доаѓа во момент кога ОН инсистира на заживување на израелско-палестинските мировни преговори и обновата на Газа по ланските судири.