Куманово подобар од Крајова во БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово со победа ја започнаа втората фаза во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

Тие вечерва пред својата публика ја победија романската екипа Крајова минимално со 81:79 во натпревар од 1.коло на новоформираната Ц група.

До вкупно шестата победа во БИБЛ лигата сезонава, Куманово стигна со кошот на Синиша Аврамовски (вкупно 12-ти) седум секунди пред крајот на натпреварот.

Инаку, најефикасен во редовите на победничката екипа беше репрезентативецот Александар Костовски со 19 постигнати поени, а имаше и 11 успешни додавања.

Потсетување дека вчера, вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, Кожув ја оствари и деветтата победа совладувајќи ја Сутјеска од Црна Гора.

Комплетни резултати од 1.коло во новоформираните групи од БИБЛ лигата:
Ц група: Куманово – Крајова 81:79 и Пеќ – Морнар 87:80.

Табела: Пеќ 6 бодови, Куманово 4, Крајова 4 и Морнар 4.

Д група: Кожув – Сутјеска 79:76 и Рилски спортист – Сигал 71:94
Табела: Кожув 6 бодови, Сигал 4, Сутјеска 4 и Рилски спортист 4.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос