Вистински лидери не гласаат програма со предвидени 200.000 денари за развој на социјална заштита

Од:

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска преку прес – конференција до јавноста испрати порака дека Општина Охрид била една од водечките општини во водењето на социјалната политика.

На овие тврдења на градоначалникот Бакрачески денеска силно се спротивстави советничката во Советот на Општина Охрид, Верица Хајба. Таа го праша Бакрачески дали е горд на усвоената Програма за социјална заштита за 2015 година и дали воопшто Охрид може да биде лидер во тоа.

Вистинските лидери немаше да прифатат мнозинството од Советот при Општина Охрид да изгласаат програма во која се предвидени 200.000,оо денари за развој на Социјалната заштита за оваа година. Како можеме да се нарекуваме лидери кога Општина Охрид нема разработен Акционен план за Социјална заштита во кој точно ќе се знаат облиците на делување, активностите, носителите, индицирање на сите целни групи и издвојување на определени средства. Кои се критериумите за избор на приоритети од социјална заштита во Општина Охрид? – праша Верица Хајба, советничка во Советот на Општина Охрид.

Хајба додаде дека вистинските лидери ќе имаа доблест да ги прифатат Амандманите за зголемување на буџетот на Програмата за Социјална заштита, без разлика дали се поднесени од советник од опозицијата.

Според мене како Општина од која масовно се иселуваат младите луѓе барајќи егзистенција, треба да донесеме Акционен план со точно утврдена Програма за Социјална Заштита во која ќе бидат опфатени сите ранливи категории – вели Верица Хајба.

Бакрачески денеска информираше дека субвенционирањето на дел од трошоците односно сметките кон општинските јавни претпријатија на социјално ранливите категории на граѓани, поддршка на наталитетот со еднократна парична помош на родилките, континуираните стипендии за учениците и студентите, бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица, помош за семејствата чии домови биле опожарени, континуирана поддршка на центарот за згрижување на лица со посебни потреби “Зраци“, помош во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани, неколкукратните хуманитарни и донаторски активности реализирани во соработка со Црвениот Крст на Охрид биле само дел од социјалните проекти кои за неполни две години ги реализира Општина Охрид.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид

Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава-посебен сообраќаен режим во Охрид

Горан Наумовски

Безбедносни мерки и посебен сообраќаен режим во Охрид поради посетата на Орбан