Јотовски се врати на тренинзи

Од:

Томислав Јотовски од денеска е повторно на тренинг. По повредата добиена на настап на фјучрс турнирите во Иран, Јотовски неколку дена беше на третман кај д-р Здравко Тројачанец, па отокот на скочниот зглоб е саниран.

Јотовски денеска тренираше со Предраг Русвески, со кого според најавите ќе работи во следниот период, со цел подобро да се подготви за сезоната што следува како за настапите на фјучрс турнирите, така и за настап во Дејвис куп репрезентацијата на Македонија.

Според зацртаното Јотовски во Скопје ќе биде до 1. март, кога ќе продолжи со настапи. Во меѓувреме поради повредата го откажа настапот на фјучрсот во Шри Ланка.

Јотовски во моментов се наоѓа на 543. место ан АТП листата што е повторување на неговиот најдобар ранг од 5. јануари годинава.

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров