Полавите не предизвикаа посериозни проблеми во работата на РЕК Битола

Од:

Големиот воден бран кој деновиве ја зафати Пелагонија и доведе до излевање на реката Црна кај село Новаци, не предизвика посериозни проблеми во работата на најголемиот енергетски капацитет РЕК Битола, велат од комбинатот.

Оттаму информираат дека производниот процес се одвива според планот, експлоатацијата на јаглен се одвива континуирано, во согласност со условите на теренот, а поради оштетување на патот Битола – Новаци, комуникацијата со РЕК Битола се одвива по алтернативни патишта.

– Во комбинатот се преземени сите мерки за работа во услови на елементарна непогода, ангажирана е целата расположлива механизација, зголемена е будноста и мобилноста на вработените и на менаџерскиот тим, соопшти РЕК Битола.

Состојбата на терен, се нагласува во соопштението, постојано се следи и навремено се преземаат потребните мерки и активности за да не дојде до нарушување на производниот процес и до предизвикување на штети по опремата и по безбедноста на вработените.

Би можело да ве интересира

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните