Во полуфиналето на 23. издание од Кошаркарскиот куп на Македонија ќе играат Работнички – Куманово и МЗТ Скопје Аеродром – Кожув.
Ова е епилогот од денешната жрепка извршена во Спортскиот центар „Јане Сандански“ каде ќе се игра завршниот турнир од Купот.
Жрепката беше полудиригирана така што двете најдобро пласирани во Првата лига Работнички и МЗТ Скопје Аеродром не можеа да се сретнат во полуфиналето.
„Фајнл фор“ ќе се игра на 21-ви и 22 февруари. Термините за полуфиналните дуели се 17 часот и 20 часот и 30 минути. Домаќин на завршницата на Купот е бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром.