Четиринаесет лица се повредени, од кои тројца потешко, откако рано утрово се преврте автобус на белградското претпријатие „Ласта“ на линијата Сплит-Белград, јави Хина.
Како што е соопштено од „Ласта“, во возилото имало 17 патници, а според неофицијалните информации, никој од патниците не е во животна опасност.
Едно лице е префрлено во болницата во Загреб, четири лица по прегледот се згрижени во Домот на културата Поповача, а 12 лица се пренесени во болницата во Сисак, каде се упатени на натамошна дијагностика.
Хрватски медиуми наведуваат дека меѓу полесно повредените се и три деца, на возраст од четири до десет години, а оти возачите не се повредени.
Од Белград е испратен автобус кој патниците ќе ги пренесе до Белград.
Автобусот бил технички исправен.