Ана Фенингер од Австрија е светска шампионка во супервелеслалом откако на синоќа одржаната трка во американскиот ски центар Бивер Крик имаше најдобро време.
Таа патеката подобро ја мина во горниот дел и успеа да ја зачува предноста во однос на конкурентките. Фенингер имаше време – 1:10.29 минута.
Австриската скијачка беше побрза за само три стотинки од Словенката Тина Мазе, додека од третопласираната Линдзи Вон (САД) имаше 15 стотинки подобар резултат. Мазе освои сребрен медал, а на Вон и припадна бронзата.
Со овој триумф Фенингер се реваншираше за ланскиот пораз на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Денеска на програмата е машкиот супервелеслалом на Светското првенство.