Нов директор на косовската агенција за разузнавање е Агрон Селимај, јави дописникот на МИА.
– Претседателката на Косово, Атифете Јахјага и премиерот Иса Мустава врз основа на законските одредби и уставните надлежности за нов директор на Агенцијата за разузнавање го наименуваа Агрон Селимај, соопшти Кабинетот на Јахјага.
Досегашниот прв косовски разузнувач Башким Смакај, поднесе оставка од функцијата на 16 минатиот месец.
По оставката на Смакај, претседателката Јахјага соопшти дека таа и премиерот Мустафа ја прифатиле оставката и му се заблагодариле за неговиот ангажман во заштита на националната безбедност на Косово.