Осум луѓе беа приведени во Франција осомничени за организирање џихадистички канал кон Сирија. Апсењата биле извршени во Париз и Лион.
– Приведените се осомничени за учество во џихадистички канал, кој организирал врбувања и заминување за Сирија, изјави францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.
Во полициската акција упасени се седум мажи и една жена. Тројца од нив биле веќе во Сирија од каде се вратиле во декември.
Приведените се дел од поголема мрежа чии членови заминале во Сирија во мај 2013, летото 2013 и во септември 2013 година.