Министерството за внатрешни работи ја забрани Парадата на гордоста која е најавена за 6. октомври, неофицијално соопштуба српски „Блиц“.
„Забранета е прошетката но не и манифестацијата која трае шест дена. Досегашните безбедносни проценки говорат дека собирот е од висок ризик“, велат од полицијата за српски „Блиц“.
На организаторите на „Парадата на гордоста“ уште никој официјално не им потврдил дека собирот и прошетката закажани за 6. октомври ќе бидат забранети. Од таму велат доколку е вистина, тогаш тоа е пораз за државата.
Полицијата сеуште нема официјално соопштено дека Парадата се забранува.