Џихадисти од ИД убија во Ирак христијански свештеник киднапиран пред осум месеци

Од:

Џихадисти од терористичката група Исламска држава убија во Северен Ирак христијански свештеник Пол Јакуб, киднапиран пред осум месеци, јави ТАСС.

Убиството било извршено во градот Мосул, административен центар на провинцијата Ниневија, која одамна е под контрола на екстремистите. Долго време немаше информација за судбината на свештеникот.

Од август 2014 година, меѓународната коалиција, предводена од САД нанесува воздушни напади врз позициите на Исламска држава во Ирак и во Сирија.

Исламска држава контролира големи територии во Сирија и во Ирак од јули 201 година, тероризирајќи го локалното население и особено христијанското. 

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак