СДСМ не ја коментира изјавата на Петковски

Од:

СДСМ го повтори својот став за решавање на спорот со името. Реакцијата доаѓа по вчерашниот став на лидерот на НСДП, Тито Петковски. Тој од собраниската говорница изјави дека „спорот се Грција може да се реши со име со географска одредница“.

„Ставот на СДСМ по ова прашање е повеќе пати повторен и е јасен. СДСМ ќе го подржи секое решение кое нема да задира во националниот идентитет на македонскиот народ и кое ќе биде прифатливо за Никола Груевски. Ние, такво решение сме спремни да подржиме. Што се однесува до изјавите на Владо Поповски и Тито Петковски, не ги коментираме бидејќи секој има право на свој личен став, изјави партискиот Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски