„Еден македонски филм за фудбалот предизвика политички потрес на Балканот со таква јачина што се почуствува дури и во Брисел“ – вака еден од најтиражните хрватски весници ја започнува својата приказна за филмот на Дарко Митревски, „Трето полувреме“.
„Филмската приказна се заснова на вистински случувања од Втората светска војна, кога Македонија, била под владение на Бугарија. Во то време клубот Македонија се борел за прво место во бугарската фудбалска лига, на чие чело пак бил Евреинот Рудлоф Шпиц. Најспорната сцена во филмот прикажува како се врши депортација на 7 илјади Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка, од каде никој не се врати жив. Македонија во холокаустот остана без 98 отсто од еврејското население, процент најголем од сите земји во светот во кои е извршена егзекуција на Евреите“ – пишува Јутарни.
„Трето полувреме“, потенцира весникот е македонски кандидат за Оскар, кој потикна голема прашина во Бугарија и пред него што беше готов. Весникот, го пренесува и ставот на бугарските историчари, според кои во голем дел од филмот фалсификувани се вистинските историски факти. Бугарите, се вели во текстот, сеуште тврдат дека спасувале Евреи од депортација, а не дека биле нивни ликвидатори. Од друга страна, авторот на филмот Дарко Митревски, а и македонските историчари, сметаат дека филмот верно држи до историската фактографија. Митревски во неколку наврати изјави дека се работи за неспорен факт дека депортацијата на Евреите во Македонија ја организирала бугарската војска и полцијата и дека Бугарите биле главни архитекти на холокаустот во Македонија – пишува хрватскиот дневен весник.
Притисокот стигна и до Европскиот парламент, посочува Јутарни, каде тројцата бугарски членови побараа од еврокомесарот за проширување Штефан Фуле да го осуди Скопје за “ширење омрза“ и “обид за манипулација со балканската историја“.
„Ние никогаш не го негиравме холокаустот, напротив го осудувавме. Но, оваа историска трагедија не смее да се злоупотребува како повод за ширење на говор на омраза кон Бугарија„ – је пренесува весникот изјавата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Европратениците отидоа до таму што дадоа и изјави од типот – Македонија ги користи истите манипулации како во времето на Тито. Брисел сепак на разочарување на Бугарија, одби да арбитрира во спорот, туку порача земјите сами преку дијалог да го решат спорот предизвикан од филмот.
Спорниот филм, пренесува хрватскиот весник, имаше буџет од два милиони евра, а половина од тоа ги даде македонската влада.
Историчарот, Александар Вазенков, според Јутарни, е значително поумерен и порационален од поголемиот број на свои колеги во Бугарија. Вазенков за весникот изјавил: „ Помеѓу Бугарија и Македонија, секогаш имало различна интерпретација на историјата. И без овој случај имаше големи несогласувања. Поголемиот број на Бугари едноставно не ја разбираат позицијата на Македонија. Тоа важи и за политичарите и за интелектуалците. Ова не е прв пат бугарската елита бурно да реагира на некое уметничко дело. Реагираше на склуптурата Ентропа, дело на чешкиот уметник Давид Черниј, а уште 1995 година, премиерот го критикуваше бугарскиот филм „Гори, гори оганче“ и го карактеризираше како антибугарски.