САД воведоа визни ограничувања за актуелни и поранешни претставници на властите во Венецуела, вмешани во нарушување на човековите права, соопшти Стејт департментот.
Бројот и имињата на санкцонираните лица не беа посочени. САД воведоа визни ограничувања и кон неидентификувани Венецуелци одговорни за корупција. Санкции се воведуваат и за најблиските родните на тие лица.
– Испраќаме јасен сигнал дека нарушителите на човековите права, оние кои заработуваат од јавната корупција и нивните семејства не се добредојдени во САД, се вели во кусото соопштение.
САД денеска претходно ги демантираа обвиненијата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека имаат план за соборување на социјалистичкиот режим во Венецуела.