Најмалку 35 африкански имигранти се во неизвесност откако потонал ферибот во близина на брегот на Јемен поради невреме.
Властите во државата досега спасиле 13 луѓе, петмина Сомалијци и осум Етиопијци. Пронајдено е тело на еден Сомалиец.
Бродот превезувал 49 луѓе. Продолжува потрагата по останатите 35 имигранти.
Во изминатите пет години над 500.000 луѓе воглавно Сомалијци, Етиопијци и Еритрејци заминале во Јемен преку Аденскиот Залив и Црвеното Море.
Јемен досега прифатил околу два милиона имигранти повеќето незаконски, наведуваат експерти и хуманитарни организации. Дел од имигрантите остануваат во државата, а други продолжуваат кон Саудиска Арабија.