Кај селото Риска на хрватскиот осторв Крк е изградена оригинална семејна резиденција со површна од 930 метри квадратни.
Куќата има три функционални целини. Првата целина содржи рустикален подрум, просторија за чување вино и маслиново масло и складиште за нафта. Сите простории во овој дел се со камени ѕидови, а во оваа целина има и простор за дружење со дрвена маса и столици.
Втората целина ја сочинува застаклен простор во кој се сместени просторот за дневен престој, трпезаријата и кујната. Кога ќе се отворат стаклените врати од оваа целина се губи границата меѓу внатрешниот и надворешниот простор. Целта на архитектите била станарите при престојот во овој дел да се чувствуваат како да се во природа. Целината е заокружена со тераса која потсетува на бродска палуба.
Третата целина ја сочинува голем базен од каде се пружа поглед кон Јадранското Море. Базенот се наоѓа на бетонска контрукција, сместена во средината на тркалезно плато.
На врвот на куќата има четири просотории, кои се адаптирани во спални соби со интимни тераси.