Бекот на ЦСКА Москва Нандо де Коло е прогласен за најдобар играч (МВП) во кошаркарската Евролига за јануари.
Францускиот репрезентативец имаше голем придонес за својот клуб и серијата од пет победи на „армејците“.
Де Коло во јануари се најде меѓу десетте најдобри кошаркари во ТОП 16 фазата во дури 11 статистички податоци.
Најдобар ефект имаше на дуелот ЦСКА – Уникаха кога постигна 28 поени без промашен шут или 4-4 за три, 7-7 за два и 2-2 за еден поен.