Компанијата „ICM Registry“ која е заслужна за развивањето на „XXX“ домените, лансира посебен интернет пребарувач за порно содржини под името Pornoogle. Сега „занимливостите“ од светот на порнографијата ќе бидат лесно достапни на обожавателите на овој жанр.
Благодарение на „Pornoogle“ можете едноставно и брзо да дојдете до базата од 21 милиони порно страни, кои се регистрирни на „XXX“ доменот.
„Тоа е порнографија, само порнографија и ништо освен порнографија. Таму се наоѓа доволно порнографија за сечиј вкус“ – рече Стјуарт Лоли, директор на компанијата.
Пребарувачот е, бар за сега, ослободен од вируси и реклами.