Над 20 милиони Филипинци живеат под граница на сиромаштијата

Од:

И покрај импресивниот економски пораст од седум отсто годишно од 2010 година наваму, на Филипините од 100 милиони жители секој петти живее под границата на сиромаштијата. Според податоците објавени денеска во Манила, поради приходи помали од 1,25 долари дневно најмногу страдаат децата.

Само во главниот град Манила се регистрирани над 250.000 малолетници одадени на просење, џепарење, па и проституција. Нивниот број, според фондацијата за згрижување на децата и нивно враќање во семејствата, минатата година бил поголем од претходно.

Економскиот развој и најавата дека до 2.020 година Филипините ќе бидат новото „ економско чудо ’’ во Азија, според активистите за детски права нема да бидат благодет за сите, туку само за определен, помал број на населението.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски