ЛП: Власта е главен креатор на кризата во Македонија

Од:

„Со саботното излагање за наводниот пуч, премиерот направи значаен чекор кон заострувањето и продлабочувањето на политичката криза во Македонија. Оваа криза ги исцрпува политичките ресурси на државата и ги потенцира и заострува спротивностите по сите точки каде веќе постои конфликт и истиот го проширува.

Либералната Партија смета дека и во вакви драматични состојби се потребни иницијативи за ослабување на конфликтноста и решавање на кризата. Со кривични пријави за политичките противници, се оди во спротивен правец.

Либералната Партија смета дека пуч немало. Истовремено ЛП предупредува дека до пуч може да дојде со развојот на настаните кој води кон наметнување на некоја „хунта” како нелегитимна владејачка сила. Затоа се поочигледно е дека оваа власт не е во состојба да се справи со кризата, туку е нејзин главен креатор.

Либералната Партија ги повикува ѓраѓаните на будност и активност, бидејќи сегашниот  тек на настани е ризик за опстанокот на државата“, се вели во соопштението на Либералната Партија.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов