Во штипско Ново Село нема штети

Од:

Во Ново Село во Штип нема штети, иако постоеше опасност од поплави. Локалната самоуправа денеска информира дека нивото на реката Брегалница на неколку клучни точки останало непроменето.

–  Обиколницата околу Ново Село, која во 2013 беше поплавена, а со тоа и домовите на куќите покрај неа, остана сува. И покрај прелевањето на браната Мантово со околу 113 м/3 вода и дотек на околу 290 м/3 во акумулацијата, нема штети во Ново Село во Штип, а со тоа и на имотите на луѓето, соопшти општина Штип.

Нивото на Брегалница кај населбата „8-ми Ноември“ и во Ново Село утрово е на истото ниво како и доцна синоќа во 21 часот, кога се очекуваше и првиот бран на излевање.

Во изминатите 24 часа локалната власт заедно со припадниците на АРМ, МВР, ЦУК, јавните претпријатија и државните органи обезбедија појас од неколку илјади вреќи со песок на критичните точки околу обиколницата во Ново Село.

Локалната самоуправа најави и преземање на мерки со кои ќе се обезбеди коритото на Брегалница на неколку клучни точки, кои ќе бидат трајни решенија за во иднина да нема вакви ситуации.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили