ФОТО: Кејот на Охридско Езеро преполн со ѓубре

Од:

Кејот „Македонија“ покрај Охридското Езеро во центарот на Охрид денеска беше преполн со ѓубре. Сликата која граѓаните денеска можеа да ја забележат во центарот на градот не беше баш пријатна.

Голем дел од жителите реагираат на ваквиот однос кон најголемото природно богатство кое го има Охрид.

ohrid-gjubre1

Во изминатиов период, раководството на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ често беше подложено на критики поради ненавременото подигање на ѓубрето во центарот на Охрид.

Градоначалникот Бакрачески, пред неколку дена, на вонреден состанок ги повика сите раководни лица во претпријатието затоа што, како што пишуваа одредени медиуми, некој му правел опструкции и ѓубрето намерно не се подигало.

ohrid-gjubre2

Охрид добива милионски суми финансиски средства за заштита на Охридското Езеро. Јавноста се прашува за што се искористуваат тие средства, кога секојдневно може да се видат вакви слики.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум