Кривична пријава за петорица навивачи од „Фемили“

Од:

СВР Скопје поднесена кривична пријава против Д.Т.(25), М.П.(22), А.Т.(21), К.Ј.(23) и Љ.Н.(20) сите од Скопје осомничени дека сториле кривично дело „насилство на спортски натпревар“.

Како што денеска соопшти МВР, на 31.01.2015 година во 20,10 часот пред почетокот на кошаркарскиот натпревар Меѓу „МЗТ“-Скопје и „Партизан“- Белград кој се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“ непосредно при влегувањето навивачи од навивачката група „Фемили“ започнале да фрлаат со тврди предмети и камења према навивачката група „Гробари’.

Тие се обиделе да го пробијат поставениот полициски кордон со што повредиле двајца полициски службеници, оштетиле едно полициско возило и искршиле едно прозорско стакло од СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи