Екипата на Њу Ингланд Патриотс е победник на 49.Супербоул, откако во финалето од НФЛ лигата, во докрај неизвесен натпревар го совлада Сиетл Сихоукс со 28:24.
Победникот беше решен во последната минута, кога Сиетл направија грешка и не успеаја да реализираат за победа.
Петриотси пред почетокот на последните 15 минути губеа со 10 разлика, но тогаш направија 14:0 за конечен успех. Пресвртот го донесе Том Брејди со два тач-дауна.
Токму Брејди го доби и признанието МВП.
За Њу Ингланд Петриотс ова беше четврта титула во историјата на НФЛ лигата.