Крајно десничарскиот Национален Фронт ја потврди својата вкоренетост кај Французите

Од:

Крајно десничарскиот Национален Фронт на вчерашниот прв круг од парцијалните парламентарни избори во Дуб (Источна Франција) ја потврди својата вкоренетост кај Французите, освојувајќи најмногу гласови, јавува дописникот на МИА од Париз.

Кандидатката на крајната десница Софи Монтел доби 32,60 отсто од гласовите, пред кандидатот на социјалистите Фредерик Барбие кој доби 28,85 отсто, додека кандидатот на умерената десница (УМП) Шарл Демуг со 26,54 отсто е елиминиран.

Владата и социјалистичката партија веднаш ја повикаа УМП на републиканско обединување зад нивниот кандидат кој во вториот круг ќе се соочи со кандидатката на Националниот Фронт.

– Фредерик Барбие, кандидатот на социјалистичката партија во 4-та изборна единициа во Дуб, отсега е канидат на сите републикаци, напиша на својот твитер профил премиерот Мануел Валс.

Во изјава за АФП, портпаролот на владата Стефан Фол, ја повика УМП да заземи „јасна позиција“ за вториот круг.

Екологистите повикаа да се гласа за кандидатот на социјалистите, но барем засега високото раководство на УМП се уште нема заземено позиција. Во соопштение до новинарите, УМП јавува дека претседателот на партијата, Никола Саркози, „ќе го консултира политичкото биро на партијата кое се состанува утре, за да ја дефинира позицијата на партијата за вториот круг“.

УМП ризикува да се подели меѓу приврзаниците на републиканската позиција, која е предводена од поранешните блиски на Жак Ширак и од друга страна приврзаниците на позицијата „ниту Национален Фронт, ниту Социјалистичка партија. Според последните испитувања на јавното мислење, симпатизерите на УМП, се подготвени да се приближат и да гласаат за кандидатите на Националниот Фронт.

Од друга страна центристичката партија УДИ повика веќе да се гласа за кандидатот на социјалистите.

Од своја страна Националниот Фронт не ја крие радоста, бидејќи по големиот успех на европските избори во 2014 и освојувањето на 25 европратенички места, партијата е во подем. Испитувањата на јавното мислења велат дека неговата лидерка Марин Ле Пен би добила најмногу гласови на претседателските избори во првиот круг.

„Честитки за Софи Монтел, која стигна прва во Дубс! Општа патриотска мобилизација во недела“, напиша на својот твитер профил Марин Ле Пен.

Изборите во Дуб се за испразнетоото пратеничко место, кое го држеше актуелниот еврокомесар Пјер Московиси.

Овие парцијални избори се вистински тест за Франција, која за еден месец ќе ги повика избирачите да гласаат на кантоналните избори, за составот на департманските собранија.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата