Мислодежда на нозе: Со блокади го спречуваат масакрот на шумата

Од:

Поради неконтролирана сеча на шумата на планината Караорман, жителите на струшкото село Мислодежда го блокираа патот кој води до Струга. Од надлежните институции бараат да го спречаат дивеењето на поединци кои како што велат ги уништуваат нивните приватни шуми, а се загрозувале и изворите од кои со вода се снабдува селото. Во 2012 година жителите од надлежните фактори побарале да се формира посебна комисија која ќе ја утврди фактичката состојба на терен.

„Дрвата овде се сечат без никаква контрола, се уништува целата шума.Ние бараме да има целосна забрана за сеча на шумата, освен за жителите кои живета во нашето село, или кои се од нашето село.Нашето дрво заминува од нашето село, од нашата општина во другите градови во Македонија. Со тоа ние како население сме целосниот оштетени“, вели Флорин Мена, претседател на Месната заедница од Мислодежда

Мештаните велат дека поради 24 часовниот транспорт на дрва се оштетила и патната инфраструктура која води до селото.

„Шумата дали се сече законски или незаконски има органи кои тоа треба да го кажат. Ние доставивме барање да се врши контрола врз сечата на шумата и врз камионите кои поминуваат од овде.Никој не знае кој има а кој нема документи и дозволи за тоа. Последиците од сето ова се огромни за нас како население и за животната средина. Овде сечат луѓе од сите градови. Доаѓаат камиони без соодветни документи, сече кој сака и колку сака.Овде живеат луѓе, а не стока “, вели Мена.

Жителите бараат Министерот за земјоделство да дојде во Мислодежда и да се увери на лице место за масакарот кој што е извршен врз шумата. Ако проблемот не се реши, жителите најавуваат дека ќе ги интензивираат блокадите.

Мики Трајковски

ФОТО: A1on

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“