„Ханделсблат“: Јункер сака да ја укине мисијата на „тројката“ за Грција

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер сака да ја укине мисијата на „тројката“ меѓународни кредитори, кои управуваат со спасувачкиот план за Грција, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на германскиот весник „Ханделсблат“, што цитира извори од ЕК.

– Треба брзо да најдеме алтернатива, изјавиле неименувани извори.

Според германски владини извори, Берлин, исто така, е подготвен за реформирање на договорите меѓу Грција и „тројката“, во која се вклучени ЕК, Европската централна банка и Меѓдународниот монетарен фонд, и определувањето на генералните економски цели.

Според „Ханделсблат“, меѓутоа, тоа ќе биде можно само доколку Грција прифати дека е неопходно да се приддржува кон претходно договорениот курс на реформи и штедење.

Новата грчка Влада на премиерот Алексис Ципрас изјавува дека сака да ги заврши спасувачките спогодби и дека нема да преговара со инспекторите на „тројката“ во Атина. Тоа кажува дека таа сака да преговара директно со европските власти и ММФ за нова спогодба, која ќа овозможи намалување на грчкиот долг.

Јункер, кој во среда во Брисел треба да се сретне со Ципрас, изјави дека не е подготвен да прифати какво и да е директно намалување на грчкиот долг, забележаа британските медиуми.

Би можело да ве интересира

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски