Град Скопје испрати помош за поплавените подрачја во источна Македонија

Од:

Градот Скопје синоќа испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите во источна Македонија.

Испратени се три цистерни за влечење на вода од ЈП „Водовод и канализација” и ЈП „Комунална хигиена”, едно противпожарно возило опремено со моќна пумпа за испумпување на вода, две моторни пумпи со голем капацитет за испумпување вода, чамец со мотор, како и 10.000 вреќи со песок.

Со техничката помош на терен во поплавените делови испратена е и екипа од пет пожарникари од Противпожарната бригада на Град Скопје, како и поголем број на лица од Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, како и од јавните претпријатија.

Штабот за заштита и спасување на Град Скопје информира дека ќе ја следи состојбата на терен и доколку има потреба ќе испрати дополнителна помош.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје