Реката Црна се излеа во три села на општина Могила

Од:

Реката Црна се излеа во атарите на три села од општина Могила, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување со седиште во Битола.

Според Димче Јошевски, ситуацијата е најкритична кај селата Вашарејца, Новоселани и Ношпал каде има целосна мобилизација на надлежните служби и локалното население.

– Претпладнево забрзано се зголеми нивото на реката Црна и достигна до 4,70 метри и за жал, нема знаци за намалување. Тоа придонесе дополнително да се мобилизираме за да водата не навлезе во куќите. Иако имаме механизација, таа неможе да се доближи до коритото и затоа поставуваме вреќи и дополнителна заштита за што голема помош имаме од локалното население, истакна Јошевски.

Од регионалното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување потврдија дека нема поголеми проблеми во општина Новаци и ситуацијата е под контрола, и затоа максималната концентрација на надлежните е насочена во општина Могила.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава